Дома Фудбал Изненадувачка сцена во соблекувалната на Барселона: Флик направи нешто незапаметено

Изненадувачка сцена во соблекувалната на Барселона: Флик направи нешто незапаметено

Вистински шок се случи изминатата ноќ во соблекувалната на Барселона. Тренерот Ханси Флик го фати „кртот“ во тимот и го разоткри пред сите.

Каталонските медиуми пренесуваат навистина необична приказна од Барселона. Внатре во соблекувалната се случуваат навистина неверојатни работи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Минатата ноќ беше многу бурна во каталонскиот тим. Имаше сѐ и сешто за време на натпреварот во Кралскиот куп против Гвадалaхара (2:0), а едно лице јавно беше понижено пред целиот тим.

Некој оддавал тајни од соблекувалната сѐ до синоќа. Ханси Флик успеа да го најде и разоткрие пред сите.

“Ханси Флик синоќа го пронајде и јавно го откри кртот во соблекувалната. Лицето кое делело информации од соблекувалната е фатено,” изјави новинарот Виктор Наваро.

Германецот одлучи јавно да го понижи кртот пред целиот тим. Сепак, засега уште нема информации за кое лице станува збор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен купи уште еден стадион

Баерн Минхен купи нов стадион за околу 7.5 милиони евра. Овој потег на баварскиот гигант б…