Дома Топ вести На Островот тврдат: Уште една ѕвезда на Челзи се сели во Јунајтед!?

На Островот тврдат: Уште една ѕвезда на Челзи се сели во Јунајтед!?

Ѕвездата на Челзи, Давид Луиз е исклучително незадоволен од третманот кој го има кај тренерот Антонио Конте, па неговата иднина на „Стенфорд Бриџ“ е неизвесна.

Денес англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за Бразилецот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Минатото лето Мурињо го донесе Немања Матиќ од Челзи, што се покажа како вистински потег, па сега сака да „украде“ уште една ѕвезда од „Стенфорд Бриџ“.

Давид Луиз заедно со Немања Матиќ и Диего Коста беше најзаслужен за титулата минатата сезона, но тренерот Конте влезе во расправија со него и го острани од тимот. Иако Бразилецот сега почна да тренира со тимот, не е јасно дали ќе биде во составот за натпреварот против Лестер.

Мурињо ги цени квалитетите на Давид Луиз и сигурно ќе има стандардно место во стартниот тим, па „црвените ѓаволи“ наводно се спремни да испратат понуда до Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…