Дома Фудбал Флик со новиот потег му покажа на Тер-Штеген дека трансферот е единствено решение

Флик со новиот потег му покажа на Тер-Штеген дека трансферот е единствено решение

Фудбалерите на Барселона вечерва се гости на третолигашот Гвадалахара на почетокот од Кралскиот Куп, а сите каталонски извори тврдат дека Војчех Шчесни ќе добие шанса на голот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако капитенот Марк Андре Тер-Штеген се врати во тимот по речиси пет месеци пауза, Ханси Флик сè уште повеќе му верува на Полјакот, па според сите најави се очекува дека токму Шчесни и вечерва ќе добие шанса меѓу стативите.

Овој сценарио го навести и Ханси Флик пред овој натпревар. 

“Жоан Гарсија ќе добие одмор и нема да брани на овој меч, а ќе видиме уште кој ќе го замени. Војчех Шчесни е нашиот лидер, минатата сезона со него на голот освоивме три важни трофеи и тој е многу важен член, а сега тука е и Тер-Штеген, одличен голман и навистина ни е драго што можеме да сметаме на сите тројца“, рече Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даниел Малдини повторно го смени клубот во Серија “А”

Калјари официјално го објавија доаѓањето на офанзивниот играч за врска Даниел Малдини, кој…