Дома Останати Ракомет EХФ го објави системот на новат проширена Лига на шампиони: Нема директно место за Македонија!

EХФ го објави системот на новат проширена Лига на шампиони: Нема директно место за Македонија!

Извршниот орган на Европската ракометна федерација, на состанокот што се одржа во Ротердам, донесе клучни одлуки со кои практично започнува ново поглавје во европскиот клупски ракомет. Откако веќе беше најавено проширувањето на Лигата на шампионите на 24 екипи од наредната сезона, сега официјално е потврден и моделот според кој ќе се распределуваат местата во елитното натпреварување.

Како главен критериум ќе се користи рангирањето на националните федерации во клупските купови, при што ќе се земат предвид резултатите од сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Федерациите кои се пласирани меѓу првите десет на оваа листа ќе добијат по едно загарантирано место во Лигата на шампионите. За следната сезона тоа се Германија, Шпанија, Франција, Данска, Полска, Унгарија, Романија, Португалија, Хрватска и Норвешка. Во оваа конкуренција ја нема Македонија, што значи дека домашниот првак нема директен билет за ЛШ и евентуалниот настап ќе мора да го обезбедува преку системот на „вајлд-карта“.

Секоја од овие десет федерации ќе може да аплицира за уште најмногу две дополнителни покани, при што Европската ракометна федерација ќе додели максимум осум „вајлд-карти“. Притоа, од една земја ќе можат да настапуваат најмногу три клуба.

Во новиот формат, 24-те учесници ќе бидат распоредени во шест групи со по четири екипи. Првите две од секоја група, односно 12 тима, ќе обезбедат пласман во главната рунда, додека преостанатите ќе го продолжат европскиот настап во шеснаесетфиналето од Европската лига. Ждрепката за групната фаза е закажана за 26 јуни во Виена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пивара Скопје и РФМ одбележуваат 45 години партнерство

Пивара Скопје и Ракометната федерација на Македонија официјално го потпишаадоговорот за сп…