Дома Фудбал Готово: Зидан се враќа и ќе ја оствари својата голема желба!

Готово: Зидан се враќа и ќе ја оствари својата голема желба!

Големата амбиција на Зинедин Зидан наскоро би можела да се претвори во реалност. Според познатиот фудбалски експерт Фабрицио Романо, некогашниот светски шампион постигнал вербален договоор со репрезентацијта на Франција..

Романо ги потврди овие информации преку видеозапис објавен на неговиот YouTube канал, истакнувајќи дека преговорите се во напредна фаза и дека Зидан е водечкиот кандидат за позицијата селектор.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Заднината на целата приказна се сврзува со актуелниот селектор Дидие Дешан (57), кој порано најави дека ќе се повлече по Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Со тоа, Дешан, кој го освои Светскиот куп во 2018, ќе го заврши мошне долгото 14-годишно поглавје на клупата на Триколорите.

Француската федерација веќе подолго време работи на изборот на негов наследник, и, според информациите, тој процес е речиси финализиран. Зидан од самиот почеток беше најпосакуваниот избор, и тој повеќепати јавно изјави дека водството на Франција е неговата животна амбиција.

Се предвидува дека Зидан би го презел раководството веднаш по Светското првенство, отварајќи нова ера во францускиот фудбал. Тимот воден од Килијан Мбапе (26) може да очекува нова претстава, поинтензивен стил на игра и зголемена тактичка флексибилност.

Дешан со години ја трпел критиката дека е премногу дефанзивен и предвидлив, па од Зидан се очекува да внесе нова енергија и креативност.

Зидан од 2021 година нема ангажман со клуб или репрезентација. Неговото едино тренерско искуство е поврзано со Реал Мадрид, каде што испиша историја. Со овој клуб освои три последователни титули во Лигата на шампионите од 2016 до 2018 година, нешто што никој пред него не успеал во современата ера на натпреварувањето.

Иако има усмен договор со Франција, не се исклучува можноста за краткотраен повраток во Реал Мадрид. Клубот минува низ осетлив период, а тренерот Хаби Алонсо (44) е под голем притисок. Според шпанските медиуми, неговата позиција не е стабилна.

Во тој контекст, Зидан повторно се споменува како потенцијално привремено решение, кое би траело до лето кога, најверојатно, ќе ја преземе француската селекција и ќе го оствари неговиот доживотно посакуван сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразил и Анчелоти продолжуваат заедно без оглед на пласманот на СП 2026

Карло Анчелоти и Бразил наскоро би можеле да ја продолжат својата соработка до Светското п…