Дома Фудбал Во Реал Мадрид нема мир ниту после победата, Алонсо и фудбалерите се во „дисбаланс“

Во Реал Мадрид нема мир ниту после победата, Алонсо и фудбалерите се во „дисбаланс“

Чаби Алонсо зема воздух, но сè уште е прашање дали ќе успее да исплива и да ја надмине кризата во Реал Мадрид.

Неговиот тим го победи Алавес со резултат 2:1, но критичарите повторно се јавија. Во популарната емисија „Ел Чирингито” преовладува ставот дека Чаби Алонсо и оваа соблекувална на Реал не можат заедно, бидејќи имаат сосема различен пристап. Чаби Алонсо е тактичар со јасни методи кои бараат многу повеќе одрекувања заради тимот, додека ѕвездите на Реал се премногу силни индивидуалци за да се прилагодат на тоа. Заклучокот од победата во Виторијата е дека таа беше плод на индивидуалниот квалитет на Мбапе и Винисиус, кои со нивните соло продори буквално сами ги “родиле” и двата гола.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, јасно е дека играчите навистина стојат зад Чаби, тоа се виде по нивната заложба, но играчките навики тешко е да се променат. Аналитичарите забележаа повторно отсуство на игра без топка кај Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор и истакнуваат загриженост дека посилните противници тоа ќе знаат да го казнат.

Доверливи извори пишуваат дека Чаби Алонсо си купил време до Суперкупот на Шпанија, што ќе ја одреди неговата иднина во клубот. Реал до паузата има два натпревари, во Купот на кралот против нисколигашот Талавера и потоа на “Бернабеу” во сабота доаѓа Севиља. Потоа, Реал на почетокот на годината го пречекува и вториот клуб од Севиља – Бетис, по што патува во Ријад на турнирот Суперкуп, каде што ќе му биде противник во полуфиналето – Атлетико Мадрид.

Се разбира, потенцијалното финале повторно е можно против Барселона, како и претходните четири години, а токму тој (не)битен турнир против најголемите ривали во Шпанија може да покаже колку Чаби Алонсо успеал да влијае на екипата и да се прилагоди на целата ситуација.

Исто така, некои повторно повторуваат дека Реал нема многу опции, па заради тоа единствено логично е Алваро Арбелоа, кој ја води Реал Кастиља, веќе е во клубот, развива занает и ја чека својата шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холанѓанецот го моли Салах да остане, но драмата изгледа е неизбежна.

Вирџил ван Дајк, холандски фудбалер и член на Ливерпул, отворено зборуваше за шпекулациите…