Дома Фудбал Дигање на голем скандал поради Светското првенство: “Цените се апсурдни, дали сте вие нормални?”

Дигање на голем скандал поради Светското првенство: “Цените се апсурдни, дали сте вие нормални?”

Навивачкиот притисок се зголемува од ден на ден, а Фудбалската асоцијација на Англија (FA) наскоро ќе ја контактира FIFA за да ја пренесе загриженоста на навивачите поради енормните цени на билетите за Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Фудбалската навивачка асоцијација (FSA) отворено изјави дека FIFA-иниот систем за одредување на цени е скандалозен. Заедно со организацијата Football Supporters Europe, бараат итно да се прекине продажбата на билети додека не се одржат разговори со светската фудбалска куќа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Следната недела во Доха ќе се одржи состанок на FIFA Советот, а присутна ќе биде и претседателката на FA Деби Хјуит. Таа веќе во неколку наврати изјави дека е против „динамичкото определување на цени“ и вети дека таквиот модел нема да се користи на EURO 2028, домашниот проект на Велика Британија и Ирска.

Навивачите беа шокирани кога беа објавени податоците за алокација на билети за навивачките групи. Само за споредба:

Катар 2022: групна фаза – £68.50, £164.50, £219

СП 2026: Англија – Хрватска и Шкотска – Бразил – околу £198, £373, £523

Во нокаут фазата цените уште повеќе се зголемуваат:

Четвртфинале: £507, £757, £1,073

Полуфинале: £686, £1,819, £2,363

Финале: најевтиниот билет – £3,119, дури седум пати поскапо отколку во Катар.

FIFA не предвидела никакви попусти – ниту за деца, ниту за специјални категории на навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Баерн нема кој да брани: Младо момче мора на гол оти друг избор нема!

Вистински хаос се случува во Минхен. Причината се голманите кои Баерн веќе ги нема на расп…