Дома Фудбал Ливерпул ќе бара замена за Салах во јануари? Се проценува на 75 милиони евра.

Ливерпул ќе бара замена за Салах во јануари? Се проценува на 75 милиони евра.

Ливерпул би можел да започне преговори за крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семењо, уште во јануари, со активирање на неговата откупна клаузула од 65 милиони фунти (околу 74 милиони евра). Целата ситуација се интензивира поради зголемената неизвесност за иднината на Мохамед Салах во Ливерпул. Од клубот се свесни дека напнатоста околу египетската ѕвезда, заедно со интересот на конкурентите за Семењо, може да ги натера на брза акција за ангажирање на Ганаецот среде сезона.

Иако Семењо се спомнуваше веќе со месеци како можна долгорочна замена за Салах, малкумина очекуваа дека таа заменa ќе биде потребна токму овој јануари. Сепак, по неодамнешната изјава на Салах по ремито 3:3 со Лидс Јунајтед минатата недела, изгледа дека ситуацијата значително се промени.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Салах, потсетуваме, по таа средба изјави дека се чувствува како тренерот Арне Слот и клубот да го “фрлиле под автобус” и дека е жртвуван поради низа на слаби резултати.

Тој го кажа ова откако три натпревари по ред остана на клупата. Поради ваквите коментари и критики кои следуваа, Салах беше целосно изоставен од тимот за натпреварот против Интер во Лигата на шампионите. На почетокот на следната недела заминува на Африкански Куп на нации и нема гаранции дека повторно ќе заигра за Ливерпул по тоа.

Семењо е главната цел на Ливерпул, но и на неколку други клубови од Премиер Лигата. За него се зборува како за ѕвезда на зимскиот трансфер период поради одличната голгетерска форма на почетокот на сезоната. Откриено е дека 25-годишникот во договорот има откупна клаузула од 60 милиони фунти, плус 5 милиони во бонуси. Таа беше вметната при потпишувањето на новиот договор со цел да се одбие летниот интерес на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доаѓа замена за Левандовски: Флик има на мета еден од најдобрите напаѓачи во светот

Барселона веќе сериозно работи на плановите за следната сезона, и чини се дека една од гла…