Дома Фудбал Капитенот на Барселона пристигна во Ерусалим на духовно прочистување (Фото)

Капитенот на Барселона пристигна во Ерусалим на духовно прочистување (Фото)

Капитенот на Барселона, Роналд Араухо, замина во Израел по добиеното одобрение од каталонскиот клуб.

Араухо го побара дозволата за да се оддалечи од клубските случувања и психички да се обнови, наводнувајќи ја причината како духовно патување во Израел.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Пред два дена беше забележан на аеродромот во Тел Авив, а денеска се појавија фотографии од него во Ерусалим.

Араухо беше снимен на Ѕидот на плачот, каде се молеше заедно со други верници.

Во рамките на патувањето низ Израел, беше објавено дека ќе посети повеќе цркви и верски места за духовна обнова и ментален одмор.

Инаку, Араухо го пропушти натпреварот во Лига на шампиони против Франкфурт неделава поради црвен картон, а претходно не настапи против Бетис и Атлетико во Ла Лига поради приватни причини.

Според каталонските медиуми, ова патување претставува за Араухо период на ментално олеснување, по зголемениот стрес и одговорности кои изминативе недели достигнаа врв.

Барселона целосно ја поддржува неговата одлука. Клубот не сака да го врати во тим предвреме или да го товарува со дополнителен притисок. Пораката од клубот е јасна – врати се кога ќе се чувствуваш спремен. Здравјето и стабилноста на играчот се приоритет.

Следниот натпревар Барселона го игра в сабота во 18:30 часот на Камп Ноу против Осасуна, а потоа во вторник има гостување кај Гвадалахара во Купот на кралот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доаѓа замена за Левандовски: Флик има на мета еден од најдобрите напаѓачи во светот

Барселона веќе сериозно работи на плановите за следната сезона, и чини се дека една од гла…