Дома Фудбал Ливерпул има замена за Салах – ја враќа младата надеж од позајмица

Ливерпул има замена за Салах – ја враќа младата надеж од позајмица

ЛИВЕРПУЛ во јануари би можел да направи неочекуван потег и да го замени Мохамед Салах со веќе познато лице. Херви Елиот (22) може да се врати изненадувачки на „Енфилд“ од позајмицата во Астон Вила, каде моментално настапува. Оваа вест доаѓа додека тимот на Црвените се соочува со проблеми во формата под водство на Арне Слот, а ситуацијата е усложнета со јавните изјави на Салах кој тврди дека нема никаков однос со тренерот и дека клубот го прави виновник за неуспесите, пишува TEAMtalk.

Да потсетиме, Ливерпул го испрати Елиот во Астон Вила како на позајмица со клаузула за задолжителен откуп на договорот ако младиот играч за врска одигра десет натпревари. Сепак, Елиот има само пет настапи, а тренерот на Вила Унаи Емери истакна дека клубот бара начин да го ослободи и дека „нема шанси“ за постојано останување.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Поради правилата на ФИФА, Елиот оваа сезона не може да игра за трет клуб бидејќи веќе игреше и за Ливерпул, како и за Вила. Така, двата клуба започнаа преговори за негово порано враќање на „Енфилд“ веќе во јануари, наместо на лето како првично било планирано.

Една од главните причини за позајмицата на Елиот беше желбата за повеќе минути на теренот, минути кои не можеше да ги добие покрај Салах и другите ѕвезди во нападот на Ливерпул. Со оглед на тоа дека заминувањето на Салах во јануари е се поизгледно, и покрај желбите на клубот да го задржи до крајот на договорот, на Елиот му се отвора идеална можност за враќање.

Со враќањето на Елиот, тој би добил шанса да си избори место во тимот кој добро го познава, пред летото да бара нова, долгорочна опција за продолжување на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот на Барселона пристигна во Ерусалим на духовно прочистување (Фото)

Капитенот на Барселона, Роналд Араухо, замина во Израел по добиеното одобрение од каталонс…