Дома Фудбал Напаѓач на Манчестер Јунајтед ќе ја „оживува“ кариерата во Рома!?

Напаѓач на Манчестер Јунајтед ќе ја „оживува“ кариерата во Рома!?

Рома е заинтересирана за холандскиот напаѓач на Манчестер Јунајтед Џошуа Зиркзе да дојде во нејзиниот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според италијанските медиуми, Волкот сака да го потпише 24-годишниот напаѓач оваа зима. Англичаните наводно се подготвени да го испратат Зиркзе во Рим во јануари, но под услов договорот да содржи откупна клаузула во износ од 25 милиони евра, како што се шпекулира.

Холанѓанецот веќе играл во Италија, од 2022 до 2024 за Болоња, а 2021 за Парма. Прејде од Болоња на Олд Трафорд за 40 милиони евра, но не се снајде добро на „Островот“.

Оваа сезона започна само три натпревари во Премиер лигата. Вкупно одигра 345 минути и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА се радува на одлуката на ФИФА и најавува офанзива без милост

Како што се очекуваше, по изјавата на Инфантино дека се откажува од продажба на дел од Све…