
Пелистер извојува победа во големото ракометно дерби против Вардар со 28-23, но вистинската драма продолжи по завршувањето на натпреварот. Надвор од салата „Боро Чурлески“ дојде до инцидент меѓу двете навивачки групи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според видеото што кружи на социјалните мрежи, „Чкембари“ и „Комити“ се бркале едни со други низ битолските улици, при што настанала општа гужва.
На снимката јасно се гледа присуство на полициски службеници кои се обидуваат да ја смирaт напнатата ситуација и да спречат поголема ескалација.