Дома Фудбал Ѕвезда на Баерн се врати само 9 месеци по повредата на предните вкрстени лигаменти

Ѕвезда на Баерн се врати само 9 месеци по повредата на предните вкрстени лигаменти

По деветмесечна пауза поради повредата, левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, се врати на теренот во натпреварувачки меч.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Неговото влегување од клупата во победата против Спортинг во Лигата на шампионите беше поздравено со овации од трибините на Алијанц Арена, а соиграчите по натпреварот не штедеа пофалби за менталната сила која канадскиот репрезентативец ја покажа во текот на 261 ден од закрепнување, пишува Goal.com.

Еден од најемотивните моменти на вечерта се случи во 88. минута. Крај аут-линијата, подготвен да го замени Серж Гнабри, стоеше Алфонсо Дејвис, призор за кој многумина се плашеа дека нема да го видат пред 2026 година, со оглед на тежината на повредата на коленото. Овој 25-годишник не играше за Баварците откако во март 2025 година на репрезентативна должност со Канада го скина предниот вкрстен лигамент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…