Дома Фудбал Огромен проблем за Анчелоти: Голема ѕвезда на Бразил го пропушта Светското првенство?!

Огромен проблем за Анчелоти: Голема ѕвезда на Бразил го пропушта Светското првенство?!

Следната година ќе се одржи Светското првенство во фудбал, а домаќини се Америка, Мексико и Канада.

Голем број играчи ќе добијат прилика да настапат на најголемата сцена и да го покажат своето знаење, а можеби и да си обезбедат големи трансфери, но и со гордост да ги претстават земјите од каде што доаѓаат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бразил, секако, е еден од фаворитите за освојување на Мундијалот, особено затоа што од клупата ги предводи големиот Карло Анчелоти.

Сепак, Бразилците би можеле да се соочат со големи проблеми на Мундијалот, а причината, се разбира, се повредите.

Имено, Нејмар ќе мора да оди на операција на коленото откако играше повреден за својот Сантос во борбата за опстанок во лигата.

Како што стојат работите, шансите Нејмар да се опорави навреме и да биде во натпреварувачка форма за Мундијалот се многу мали и многу е поверојатно дека Анчелоти нема да може да го поведе во Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хабиб сè уште е ѕвер – лесно го собори поранешниот УФЦ шампион во полутешка категорија (Видео)

Интересен боречки меч можеше да се види во Лас Вегас помеѓу поранешни шампиони во УФЦ. Сеп…