Дома Фудбал Неверојатно што направи Алонсо по поразот на Реал, навивачите бараат да добие отказ!

Неверојатно што направи Алонсо по поразот на Реал, навивачите бараат да добие отказ!

На Чаби Алонсо не му оди во Мадрид како што замислуваше, бидејќи Реал синоќа доживеа неочекуван пораз на свој терен од Селта Виго (0:2), а шпанските медиуми потсетија на она што го направи Алонсо после завршувањето на натпреварот.

Откако Карло Анчелоти ја напушти клупата на Реал и на негово место дојде Чаби Алонсо, се очекуваше дека Реал конечно ќе заигра како што се очекува.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Меѓутоа, досега во сезоната за Кралевите е главно за заборав, а овој тим успеа да испушти дури пет бода предност во однос на Барселона.

Реал синоќешниот пораз на свој терен од Селта беше неочекуван, бидејќи Селта по првпат од 2006 година славеше во Мадрид, а новата грешка на Кралевите ја искористи Барселона која сега има четири бода предност.

Иако во Реал се негативни поради судењето, јасно е дека овој тим не одигра ниту приближно на нивото кое се очекуваше, што го истакна и Алонсо на прес-конференцијата, признавајќи дека е разочаран од претставата на својот тим.

Шпанските медиуми веќе некое време шпекулираат дека атмосферата во соблекувалната на Реал воопшто не е на задоволително ниво, и дека играчите на овој тим едноставно не се на истата бранова должина со Алонсо.

Тоа се виде и синоќа по поразот од Селта, бидејќи за многумина беше неверојатно она што се случи по натпреварот.

Медиумите во Шпанија објавија дека атмосферата била напната во соблекувалната на Реал и дека играчите биле исклучително бесни поради поразот, но и поради судиските одлуки кои се случија во второто полувреме и дека се слушаше како фрлаат предмети во соблекувалната од бес.

Алонсо после натпреварот воопшто не влезе во соблекувалната на Реал Мадрид, што многумина ги изненади, бидејќи се очекуваше дека ќе одржи говор пред играчите по многу лошата претстава против Селта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас: Ќе направам сè што можам само Наполи да победува!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 90 минути во пресметката со Јувентус, во ко…