Дома Останати Ракомет Гарабаја си замина од Битола, Пелистер веднаш назначи привремен тренер!

Гарабаја си замина од Битола, Пелистер веднаш назначи привремен тренер!

РК Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста дека тренерот на екипата Рубен Гарабаја поднесе оставка од својата позиција и клубот ја прифати истата. Гарабаја заминува од Битола пред истекот на договорот, а тимот до крајот на полусезоната ќе го предводи директорот Звонко Шундовски.

Со Гарабаја на клупата клубот го освои Суперкупот на Македонија и одигра достоинствени десет натпревари од Лигата на шампионите за сезоната 2025/25. Гарабаја пред заминувањето од клубот и градот ја објасни својата одлука.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка од амбиентот. Очекував реакција во Загреб, но со оглед на тоа што таа реакција не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека мое заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари, со кои имам одличен однос, и да им посакам успех во продолжение на сезоната. Голема благодарност до клубот за ова мое искуство и многу среќа во иднина“, изјави Гарабаја.

РК Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Рубен Гарабаја за професионалноста и му посакува успеси во понатамошниот тек на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Алкалоид освои голем бод на гости кај Пелистер

Ракометарите на Алкалоид по голема драма стигнаа до бод кај Пелистер (26-26) во 14. коло о…