
Навивачите на Манчестер Јунајтед веќе им е доста од сè и решија целата своја лутина да ја изразат на социјалните мрежи по ремито против Вест Хем Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Синоќа Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд го пречека Вест Хем Јунајтед, и се надеваа дека ќе направат втора последователна победа во Премиер лигата:
Минатата недела Манчестер Јунајтед славеше на гости кај Кристал Палас со 2:1 на Селхурст Парк.
Од друга страна, Вест Хем беше поразен на свој терен со 2:0 од Ливерпул.
Првото полувреме на натпреварот што се одигра синоќа на Олд Трафорд беше многу лошо и имаше многу малку шанси на двете страни.
Во второто полувреме домаќините тргнаа по гол, и во 58-та минута стигнаа до предност, а голот го постигна Диого Далот.
Сепак, Вест Хем го „запечати“ Олд Трафорд во 84-та минута кога голот за 1:1 го постигна Соунгутоу Магаса.
„Чеканите“ издржаа до крајот на натпреварот и зедоа бод од Олд Трафорд, а домашните навивачи повторно разочарани си заминаа дома.
Веднаш, се разбира, навивачите на Манчестер Јунајтед ги окупираа социјалните мрежи, и го „нападнаа“ Аморим бидејќи го внесе Угарте наместо Куња во 77-та минута од натпреварот.
„Секој пат кога Угарте влегува на терен, примаме гол.“