Дома Останати Кошарка „Скратете ги ноктите“: Јокиќ изгледаше како да се борел со ѕверови (Фото)

„Скратете ги ноктите“: Јокиќ изгледаше како да се борел со ѕверови (Фото)

Србинот ги завршува натпреварите изгребан, со модрици, но тоа не го спречува да продолжи да доминира во најсилната лига на светот.

Противниците на секој можен начин се обидуваат да го сопрат. Го гребат, го штипат, подмукло го удираат, а судиите најчесто го свртуваат погледот и сето тоа го толерираат.

По натпреварот со Индијана, во кој Никола забележа уште еден импресивен дабл-дабл, на социјалните мрежи се појави фотографија со ужасна огреботина што Србин ја заработил на овој натпревар. Сликата е навистина страшна, како да го нападнале диви ѕверови.

„Ве молам, исечете ги ноктите заради Никола Јокиќ” порачаа навивачите на Денвер од својот официјален профил на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…