Дома Фудбал Нови проблеми за Реал. Два клучни играчи се повредија

Нови проблеми за Реал. Два клучни играчи се повредија

Во 19. коло од шпанската Ла Лига, фудбалерите на Реал Мадрид запишаа убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Атлетик Билбао. Победата на Реал ја предводеше Килијан Мбапе со два одлични гола, а третиот го постигна Едуардо Камавинга по асистенција од Мбапе. Со оваа победа, Реал се доближи на само еден бод зад водечката Барселона, додека Атлетик е осми во Ла Лига со 20 бодови.

Англискиот дефанзивец Трент Александер-Арнолд мораше да го напушти натпреварот поради повреда. Иако настапот му беше еден од најдобрите во дресот на “Кралевите”, се соочи со нова повреда на гостувањето во Билбао. Александер-Арнолд се повреди на левото бедро и првите прогнози не се оптимистички, како што известува шпанската Марка.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Сè се случи во моментот кога некогашниот играч на Ливерпул се обиде да ја исфрли топката. Веднаш почувствува болка и сам побара смена.

Англискиот репрезентативец ќе помине низ детални прегледи за да се утврди степенот на повредата, но вестите кои стигнуваат од клубот не влеваат надеж. “Двете ситуации се загрижувачки”, порачаа од Реал, мислејќи на состојбата на Трент и повредениот соиграч Едуардо Камавинга. Тој, исто така, беше принуден да го напушти натпреварот, само 14 минути по излезот на Англичанецот во 55-тата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Маскираниот Салах на клупата на Ливерпул стана сензација: “Повеќе не може да ја гледа играта”

НАПАЃАЧОТ на Ливерпул, Мохамед Салах, повторно е предмет на дискусија на социјалните мрежи…