Дома Фудбал Цел Манчестер зборува за потегот на Гвардиол во 98. минута од натпреварот во Лондон (Видео)

Цел Манчестер зборува за потегот на Гвардиол во 98. минута од натпреварот во Лондон (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Сити успеаја да остварат победа на гости кај Фулам во неверојатен натпревар кој заврши со 5:4.

Манчестер Сити имаше предност од 5:1 во средината на второто полувреме, но за малку ќе ја прокоцкаа кон крајот на натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фулам успеа да се врати на 5:4, а на семафорот беше 78. минута. Сепак, повеќе од тоа лондонскиот тим не успеа да направи.

Домашните се обидуваа да постигнат гол за 5:5 и да направат вистинско чудо на својот стадион, но ниту одличната атмосфера не им помогна.

Судијата го продолжи натпреварот за дури осум минути, и токму во таа 98. минута се виде и најдобрата шанса која Фулам ја имаше за израмнување на овој дуел.

Сите видоа како топката практично влегува во голот, а тогаш се појави Јошко Гвардиол кој ја исфрли топката од гол линијата и така го спаси својот тим од загуба на бодови.

Видеото може да се погледне ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра виден во Лондон – Милано ќе стане централна точка на НБА во Европа!

Со секој изминат ден, сè сме поблиску до решението на идниот НБА проект во Европа, кој би …