Дома Останати Кошарка Снимка која ја чекаше целиот регион: Обрадовиќ ја отвори душата и сè јавно кажа (Видео)

Снимка која ја чекаше целиот регион: Обрадовиќ ја отвори душата и сè јавно кажа (Видео)

Доскорешниот тренер на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ, во видеото кое го чекаа Србија и целиот регион објасни зошто одлучи да ја напушти клупата на тој клуб.

Обрадовиќ минатата среда објави дека си заминува од Партизан после новиот пораз на тимот во Евролигата, а таквата одлука шокираше навивачите на белградскиот тим.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Тие направија сè за популарниот Жоц да се предомисли и изгледаше дека ќе успеат, но во сабота дојде „ладен туш“ и потврда дека Обрадовиќ навистина ја напушта клупата на Партизан.

Вечерва се појави и видеото кое денови се чекаше, тоа е обраќањето на Обрадовиќ во кое објасни зошто одлучи да ги спакува куферите и да го напушти саканиот клуб.

„Минатата среда се одлучив на исклучително тежок чекор, да ја преземам одговорноста за се што лошо се случи во оваа сезона и нормално дека останав при својата одлука. Добив огромен број повици и пораки од вас кои го носите Партизан во срце, како и јас. Причината поради која денес се обраќам е затоа што вие го побаравте тоа од мене. Одлуката која ја донесов е многу тешка, а се што се случи после тоа, не можев да влијаам на тоа”, започна Обрадовиќ и продолжи.

„Многу ми е тешко да се сетам на се што поминавме заедно со Партизан. Напишавме приказна која тешко кога ќе се повтори, но тоа во целост зависи од вас самите, навивачи на Партизан кои создаваат атмосфера која е препозната во светот. Вие сте најголемата сила на Партизан. Дури и во семејството кога нешто се случува, најдобро е да остане во семејството”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Србинот е незапирлив: Уште едно признание за Никола Јокиќ (Фото)

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ е прогласен за играч на месец ноември во Западната конфер…