Дома Фудбал „Сè што заработив во Барселона, го вратив на Јувентус!“

„Сè што заработив во Барселона, го вратив на Јувентус!“

Полскиот голман Војчех Шчесни откри дека првата сезона во Барселона практично ја одиграл без примања бидејќи целокупниот износ што го добивал од каталонскиот клуб бил наменет за исплата на обврски спрема Јувентус.

Во интервју за „GQ Poland“, Шчесни наведе дека по заминувањето од Торино размислувал за завршување на кариерата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Три дена пред да објавам официјално повлекување, му кажав на Левандовски дека не сакам да играм за ниеден клуб… освен за Барселона. Кога ме повикаа, веројатно знаеја дека ќе ме убедат лесно. Немав изгубено страст кон фудбалот, само не ме привлекоа понудите од клубовите во топ 10. Не беше за парите“, рече искусниот Полјак.

Истакна дека во првата година во Барселона не заработил – ништо.

„Сè што добив од клубот беше точно тоа што ми требаше за да му вратам на Јувентус поради предвременото раскинување на договорот“, наведе Шчеќни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква атмосфера нема ниту во Прва лига – третолигашкото дерби меѓу Ударник и Победа Валандово го гледаа над 1.000 луѓе! (Видео)

Фудбалските стадиони во Македонија не можат да се пофалат со голема посетеност, реткост е …