Дома Фудбал Останато Одбојкарките ќе добијат нов селектор!

Одбојкарките ќе добијат нов селектор!

Одбојкарската федерација на Македонија и селекторот на женскиот А национален тим, Стефан Пауновиќ ја завршија соработката. Српскиот стратег во изминативе четири години успешно ја извршуваше оваа функција, која финишираше со квалификацискиот циклус за ЕвроВолеј 2026.

Одбојкарската федерација на Македонија му се заблагодарува на Пауновиќ за професионалниот однос, разбирањето, убавата енергија во работата и успесите кои женската репрезентација на Македонија ги направи со него како селектор.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Двете страни се насочуваат кон новите предизвици. Стефан Пауновиќ продолжува со работа со неговиот клуб Ново Место од Словачка, за кој настапува и македонската репрезентативка Ерјона Јонузи.

ОФМ до крајот на 2025 година ќе го именува новиот селектор на женскиот национален тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшно: Во напад во Иран загинаа 20 одбојкарки! (Видео)

Според медиумите во Иран, викендот се случи напад на спортска сала во градот Ламерд, на ју…