Дома Фудбал Контроверзниот Бекали збесна во програма во живо по поразот од: Ова го нема никаде, секој прави што сака!

Контроверзниот Бекали збесна во програма во живо по поразот од: Ова го нема никаде, секој прави што сака!

Џиџи Бекали, контроверзниот сопственик на романскиот ФКСБ (поранешен Стеауа), беше изразито лут по поразот на неговиот клуб од Црвена звезда со резултат 1:0 во петтото коло од Лигата на Европа.

Црвена звезда однесе победа во дуелот меѓу двата единствени шампиони на Европа од источна Европа, благодарение на голот на Бруно Дуарте во 50-та минута, и покрај тоа што играа со играч помалку од 27-та минута поради црвениот картон на Учена.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Бекали веднаш по натпреварот жестоко ги критикуваше своите играчи во рамките на програмата на романската телевизија “Prima Sport 1”. Потенцираше дека ја аизгубил довербата во тимот, жалејќи се на отсуството на дисциплина, игра и карактер.

“Нема повеќе што да кажам. Не верувам во овој тим. Помалите тимови имаат добра комбинација, знаат каде оди топката. Кај нас, секој прави што сака, стојат каде што сакаат, трчаат ако им се трча. Ова е фудбал за забава, не е професионализам” изјави Бекали.

Особено го критикуваше Флорин Танасе, кого го штитеше години наназад.

“Танасе е добар играч, секогаш сум го фалел. Но, што е ова? Тој ја допира топката 75 пати! Зошто ја држи толку долго?! Тоа може во Романија, но тука не ти дозволуваат да си играш. Како да игра против Металоболус”.

Бекали изјави дека играчите „имаат став на ѕвезди” и дека затоа не ги следат инструкциите на тренерот:

“Можеби е и моја грешка. Повеќе не ги слушаат тренерите поради мене. Секој си игра како што му дојде. Радуновиќ веќе не е истиот играч. Ни Олару. Премногу од нив веќе не даваат ништо. Лани ги фалевме за нивната игра со пасови, сега не постојат. Нема игра без топка, нема трчање. Заработија милион евра, сега се милионери и готово. Тоа е карактерот”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Барселона ќе паузира поради повреда на листот од десната нога, Флик во големи проблеми

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе паузира две недели поради повреда на листот од д…