Дома Фудбал Хари Кејн ги разочара навивачите на Барселона со својата изјава

Хари Кејн ги разочара навивачите на Барселона со својата изјава

Хари Кејн, напаѓачот на Бајерн и еден од најбараните европски фудбалери, повторно се најде во центарот на вниманието откако се појавија гласини за негов можен трансфер во Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во разговор за германскиот „Билд“, Кејн истакна дека не остварил никаков контакт со раководството на Барселона. Со тоа, директно ги демантираше медиумските написи кои последниве недели ги разбудија страстите меѓу навивачите на каталонскиот клуб.

Според неговите зборови, Барселона никогаш не стапила во контакт со него ниту со неговите претставници. „Не сум имал никаков контакт со никого”, истакна јасно и директно.

Иако шпекулациите за неговата иднина продолжуваат да се појавуваат во европските медиуми, англискиот голгетер тврди дека за тоа сè уште не се разговарало во клубот. “Сè уште не сме разговарале за мојата ситуација во Бајерн”, рече тој.

Кејн додава дека нема никаква брзање да донесе одлука за иднината. Тој порача дека актуелната ситуација му одговара и нема причина за брзи или избрзани одлуки.

Кејн исто така истакна дека е навистина среќен во Германија, што дополнително го отежнуваат надевањата на клубовите како Барселона. Во Минхен брзо стекнал статус на еден од клучните играчи на тимот.

“Навистина сум среќен во Минхен”, нагласи напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко се врати од Англија во Барселона: Доби големо „ДА“ од одличен напаѓач

Спортскиот директор на Барселона, Деко, престојуваше во Лондон, каде што имаше средба со а…