Дома Фудбал Голманот на Челси: Каде е Јамал? Ете го, во џебот на Кукурела

Голманот на Челси: Каде е Јамал? Ете го, во џебот на Кукурела

Челси на својот стадион ја совлада Барселона со 3:0 во четвртото коло на Лигата на шампионите. Стрелци беа Жул Кунде со автогол во 27. минута, Естевео во 55. и Лијам Делап во 73. минута. Барселона играше со играч помалку од 44. минута, откако Роналд Араухо доби втор жолт картон.

Херој на победата на Челси е нивниот лев бек Марк Кукурела, кој совршено го чуваше Ламин Јамал, десното крило на Барселона. Кукурела (27) потекнува од Барселона и во Ла Масија пристигна како 14-годишник, каде што остана осум години. Сега е јунакот на триумфот против поранешниот клуб, откако успешно ја неутрализираше 18-годишната суперѕвезда, која исто така му е соиграч во репрезентацијата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кукурела го слави и неговиот клупски и репрезентативен соиграч. Роберт Санчез, голманот на Челси и Шпанија, изјави по натпреварот: „Кукурела го стави Јамал во џеб“ и имаше порака за младата ѕвезда на Барса: „Сите се одлични додека не пристигнат во Англија.“ На прашањето дали Барселона е фаворит, одговори со насмевка: „Фаворит Барселона? Фаворити сме ние“, заклучи Санчез, кој аплаудираше на Кукурела кога му беше доделена наградата за играч на натпреварот.

Кукурела објасни како го сопре Јамал: „Се трудев натпреварот да му биде што потежок. Се обидував да го насочам кон средина, каде што се наоѓа Каиседо. Не можев да го оставам сам на десната страна. Тоа му е послаба нога, но со таков играч никогаш не знаеш.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На клупата на Охрид денеска седеше голман од 64 години!

На натпреварот меѓу Охрид и Силекс (1-1) во рамките на Купот на Македонија, вниманието на …