Дома Фудбал „Кој е Еберчи Езе“: Артета за херојот на Арсенал и доказот дека ништо не е случајно

„Кој е Еберчи Езе“: Артета за херојот на Арсенал и доказот дека ништо не е случајно

Ова е таа година за Микел Артета. Летово мудро трошеше, има квалитетен и широк ростер и јасни идеи и тактика за сè.

Тотенхем беше испратен со четири гола во мрежата, а Еберечи Езе на најдобар можен начин му одговори на Томас Франк кој во петок на конференцијата рече “кој е Еберечи Езе“. И сега ќе го памети засекогаш.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Микел Артета откри дека сето ова се случи со причина.

„Сè се случува со причина. По паузата за репрезентации, имавме два дена слободно, но Езе се појави и сакаше да тренира. Сакаше да продолжи да напредува, работеше дополнителни вежби и поставуваше разни прашања за тактиката. Кога играч има таков талент, но и страст кон играта и желба да напредува, тогаш му се враќа вакво нешто. Тој го заслужи ова целосно, бидејќи од првиот ден кога ни се приклучи, донесе нешто поинакво. Уживање е да се работи со него, има посебна аура и веруваме дека ќе донесе многу победи на нашиот тим. Езе ги има сите тие способности и само треба да се насочи целиот негов талент во вистинската насока“, рече Артета.

Интересно е тоа што Езе пред дербито со Тотенхем имаше постигнато само еден гол во Премиер лигата, а сега е прв на листата со четири, колку што има и Џокереш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во море и за малку трагедија: Аргентинска легенда и неговото семејство спасени од огромни бранови

Мартин Демикелис и неговите деца доживеаја вистинска драма на 31 декември, кога беа спасен…