
Барселона вчера, по повеќе од две години, повторно играше на својот „Камп Ноу“ и со 4:0 го победи Атлетик Билбао. Но, сцената што се случи во десеттата минута стана главна тема на социјалните мрежи.
Иако Камп Ноу сè уште е во фаза на реновирање, Барселона доби дозвола да ги игра своите натпревари на овој терен, што навивачите со одушевување го пречекаа и вчера во голем број дојдоа да го поддржат својот клуб.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Секако, капацитетот сè уште не е целосен поради работите што траат, но вчерашниот натпревар го следеа скоро 50.000 луѓе, што навистина е импресивно.
Барселона не можеше на подобар начин да се врати дома, бидејќи во натпреварот од 13-то коло на Ла Лига го декласираше Атлетик со 4:0 и освои нови три бода.
Два гола во вчерашната победа беа дело на Феран Торес, а на листата на стрелци се впишаа и Роберт Левандовски и Фермин Лопез.
Сепак, главната тема на социјалните мрежи е она што се случи во воведниот дел на вчерашниот натпревар.
Имено, во десеттата минута од трибините се слушна „Меси, Меси“, а камерите веднаш го прикажаа Жоан Лапорта, што беше јасна порака колку навивачите сакаат повторно да го видат Аргентинецот во дресот на Барселона.
Навивачите пеат Меси Меси Меси 🎶 на Камп Ноу 💙❤️🐐
— MC (@CrewsMat10) Ноември 22, 2025
pic.twitter.com/i3bP3Gn6ZK