Дома Моторспорт Се „загрева“ борбата за титула: Норис и Пјастри пред дисквалификација – се чека одлука во Вегас!

Се „загрева“ борбата за титула: Норис и Пјастри пред дисквалификација – се чека одлука во Вегас!

На Макс Ферстапен му припадна победата во Лас Вегас, а како што стојат работите сега – второпласираниот Ландо Норис и четвртопласираниот Оскар Пјастри се соочени со можност за суспензија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Норис е прв во шампионската трка, сега има 406 поени, пред Пјастри кој има 378, и Ферстапен кој има 366.

Сепак, се чека одлуката на стјуардите откако двата возила на Мекларен се најдоа под истрага по трката во Вегас поради потенцијално прекршување на техничките правила.

По трката беше утврдено дека заштитите плочки на двата болида на Мекларен се потенки од дозволените девет милиметри.

Сè е пријавено на стјуардите и сега се очекува нивната одлука.

Ако одлуката е во согласност со правилниците, тоа би значело автоматска дисквалификација за двојката на Мекларен.

Тоа би значело дека Норис би бил на првото место во генералниот пласман, но со само 24 поени предност пред Ферстапен и Пјастри, две трки пред крајот на сезоната.

Не се одржа прес-конференција од шефот на Мекларен, таа беше одложена, а не беа дадени ни одговори од тимот на медиумските прашања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Антонели победи, Расел разочара: Ова се најинтересните моменти од лудата трка во Канада (Видео)

Младиот италијански возач Кими Антонели ја запиша и четвртата победа во Формула 1 на тркат…