Дома Фудбал Не му оди: Исак го има најлошиот старт на еден фудбалер на Ливерпул уште од 1906 година!

Не му оди: Исак го има најлошиот старт на еден фудбалер на Ливерпул уште од 1906 година!

Ливепул го загуби вториот натпревар по ред во првенството со три гола разлика. Откако Манчестер Сити ги порази со 3:0 во претходното коло, сега дома го пречекаа Нотингем Форест, кои ги совладаа со 0:3. И покрај тоа што Ливерпул имаше 75 отсто посед на топката и повеќе удари кон голот од противникот, не успеа да постигне гол.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ливерпул е актуелен шампион на Англија. Минатата сезона тимот воден од Арне Слот беше извонреден, но оваа сезона бележи значаен пад, и покрај скапите засилувања како Флоријан Вирц, Хуго Екитиќе и Александер Исак. Особено по натпреварите, внимание привлече еден статистички податок поврзан со Исак, кој летово беше купен од Њукасл за 145 милиони евра.

“Александер Исак е првиот фудбалер кој ги загуби сите четири свои први натпревари како стартер за Ливерпул, уште од времето на Перси Сол во октомври 1906 година”, објави на своите социјални мрежи Мајкл Рид од аналитичката куќа Опта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…