Дома Фудбал МВР се огласи: Приведен е редарот кој шутна фудбалер на Брегалница!

МВР се огласи: Приведен е редарот кој шутна фудбалер на Брегалница!

На вчерашниот дуел меѓу Шкендија Арачиново и Брегалница се случи сериозен инцидент, при што редар покрај теренот физички го нападна еден од играчите на гостинскиот тим. Денес МВР излезе со информација дека напаѓачот е приведен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Настанот се случил веднаш по крајот на првото полувреме, кога атмосферата се вжешти откако Брегалница израмни на 1-1. Човекот од Арачиново, според информациите од МВР, влетал на тревникот и го удрил фудбалерот на гостите.

„На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, информираа од МВР.

Да потсетиме, по краткиот прекин и по смирувањето на ситуацијата, играта продолжи, а Брегалница на крајот дојде до триумф со 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aргентинците се вратија дома, но Меси не се појави на прославата (Видео)

Фудбалската репрезентација на Аргентина беше дочекана по враќањето од Светското првенство,…