Дома Фудбал Легендата на Милан импресиониран: Со големи пофалби зборуваше за Модриќ!

Легендата на Милан импресиониран: Со големи пофалби зборуваше за Модриќ!

Андриј Шевченко во интервју за „Ла Репбулика“ зборуваше за градското дерби помеѓу Интер и Милан, кое ќе се одигра во недела вечер во 20:45. Легендарниот украински фудбалер, кој со тимот на Милан ја освои Златната топка, исто така беше запрашан за Лука Модриќ, кој станал движечка сила во средниот ред на Милан.

“Воодушевен сум од него, неговото влијание е огромно. Сепак, тимот на Милан треба да направи уште неколку исчекори за да биде на исто ниво со Интер”, вели Шевченко и објаснува:

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


“Кога ќе заврши сезоната, потребно е да се сврти нова страница и да се започне одново. Тимот на Нераѕурите остана скоро недопрен; всушност, дури и се засилија. Киву се покажува како тренер со добри фудбалски визии и вистински идеи. Тие се меѓу главните кандидати за Скудетото.”

“Милан мора да ја самодовербата и стабилноста. Да се реизгради по предизвиците со кои се соочија минатата сезона. Истовремено, треба да се земе предвид дека пристигнаа многу нови играчи. Алегри добро управува со оваа фаза, иако не му беше лесно”, додаде Украинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не му оди: Исак го има најлошиот старт на еден фудбалер на Ливерпул уште од 1906 година!

Ливепул го загуби вториот натпревар по ред во првенството со три гола разлика. Откако Манч…