
Фудбалската кадетска репрезентација на Северна Кореја го привлече вниманието на Светското првенство до 17 години со невообичаен начин на „поздрав“ со противничките играчи.
Јапонија и Северна Кореја се сретнаа во осмина-финалето на Светското првенство за кадети, при што регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено, 1:1. По изведувањето на пеналите, Јапонија очекувано победи со 5:4 и обезбеди пласман во следната фаза.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Но, она што ги заинтригира светските медиуми беше начинот на кој фудбалерите од Северна Кореја ги поздравија своите ривали за време на традиционалниот почеток на натпреварот.
Во чудни моменти пред почетокот на натпреварот, севернокорејските играчи одлучија силно да ги удираат рацете на противниците наместо да се ракуваат.
Додека играчите се подредуваа и се поздравуваа пред почетокот, првичното пријателско разменување на „удари“ се претвори во силни, поради што Јапонската фудбалска федерација (JFA) побара реакција од ФИФА.
„Ние би сакале да побараме од ФИФА да реагира“, кусо изјавија од одделот за односи со јавноста на Јапонската фудбалска федерација.
Играчите од Северна Кореја не беа казнети од судиите за време на натпреварот, но може да се соочат со санкции од ФИФА, доколку се утврди дека овој чин бил намерно изведен.