Дома Фудбал Норвешката машина за голови: Халанд ја брка историјата против Њукасл

Норвешката машина за голови: Халанд ја брка историјата против Њукасл

Манчестер Сити денеска ќе гостува на Њукасл и има можност да се доближи на само бод разлика зад Арсенал, но тренерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола, инсистира дека е прерано за разговори за титулата.

Сити пристигнува на „Сент Џејмс Парк“ по убедливиот триумф со 3:0 против Ливерпул, победа која мнозина ја гледаат како можен одлучувачки момент за сезоната. Сепак, шпанскиот стратег останува смирен и реалистичен.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Одлични се како тим. Никогаш не ја следам табелата кога ги анализирам противниците. Ова е еден од најтешките противници во последниве години, атмосферата е како во Лига на шампиони. Подготвени сме за новиот предизвик“.

Ерлинг Халанд е пред прагот на историски успех, дали гол против Њукасл би бил неговиот 100. гол во Премиер лигата, и тоа по само 109 натпревари. Со тоа би го надминал рекордот на легендарниот Алан Ширер, кој го постигна истиот број погодоци по 124 натпревари.

Норвежанецот за време на репрезентативната пауза постигна уште четири голови и ја одведе својата земја на првото Светско првенство од 1998 година. Вкупно 16 голови во осум квалификациски натпревари.

„Сезоната му е неверојатна. Ја урнисува секаква рекордност, своите, рекордите на Премиер лигата, на Норвешка… Среќен сум за него и неговата репрезентација. Многу норвешки играчи не биле ни родени кога последен пат играле на Мундијалот. Како светска класа играч, заслужува да го доживее ова искуство. Сега е во перфектни години, зрел е и навистина сум рад што успева вака“, кажува Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма: Фудбалери спасуваа возач од запалено возило! (Видео)

Тројца фудбалери на хрватскиот нисколигаш Ускок Клис станаа вистински херои на вчерашниот …