
При неговата посета на Белата куќа во вторник, Кристијано Роналдо доби редок подарок – клуч со претседателскиот печат и натпис “Клуч на Белата куќа”, дар кој Доналд Трамп го доделува само на највлијателните гости.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фотографии кои го обиколија светот го прикажуваат Роналдо со неговата партнерка Георгина Родригез и претседателот на САД, држејќи декоратнивна кутија со подарокот в раце.
Објавата на Инстаграм, која собра речиси 20 милиони лајкови, предизвика голема заинтересираност во јавноста.
“Благодарам господине претседателе за поканата и топлото добредојде кое го приредивте за мене и мојата сопруга. Сите имаме што да понудиме, и јас сум подготвен да допринесам за поттик на новите генерации да градат иднина обележана со храброст, одговорност и трајен мир”, напиша Роналдо под објавата.
Иако повеќе од десет години не стапнал во САД поради тужбата поднесена од манекенката Кетрин Мајорга, Роналдо и претходно јавно го фалеше Доналд Трамп.
Минатото лето му испрати дрес со посвета, а во интервјуто дадено на британскиот новинар Пиерс Морган изјави:
“Тој е меѓу луѓето кои можат да го променат или помогнат да се промени светот. Мојата цел е да го запознаам Трамп и да разговараме за светскиот мир. Ако се отвори можност, би сакал да седнеме заедно”, рече тој.
Роналдо сега го оствари тој состанок, а има шанса да игра и во 2026 на американско тло, кога САД заедно со Мексико и Канада ќе бидат домаќини на Светското првенство.