Дома Фудбал Пеп се огласи за Родри: Што се случува со Шпанецот?

Пеп се огласи за Родри: Што се случува со Шпанецот?

Фудбалерот за врска на Манчестер Сити, Родри, сè уште не е подготвен за враќање на терените.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од моментот кога ја претрпе тешката повреда на лигаментите на коленото во есента 2024 година, Родри никако не може да се врати во вистинска физичка форма.

Телото му претрпе многу, иако работеше напорно за да се врати, сепак на пато страдаше и задната ложа, која сè уште го мачи. 

“Родри направи добар напредок, изминаа три недели од последното обновување на повредата. Тој знае дека му е потребно време за да се опорави, не само психички, туку и физички, поради сите проблеми кои ги има. Потребен ни е во континуитет од сега па до крајот на сезоната, но само кога ќе биде комплетно закрепнат”, изјави Пеп Гвардиола. 

Оваа сезона, поради повредата на ложата, Родри веќе пропушти 11 натпревари, а на теренот помина нешто повеќе од 400 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез направи низа одлични зделки во Реал Мадрид. Донесе некои од најголемите ф…