
Таман кога ќе се чини дека проблемите за Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед се исчезнале, се појавува нов или пак реактивира нешто што изгледаше како да е смирено.
Како што пренесуваат англиските медиуми, се случила нова непредвидена ситуација поврзана со Коби Мејну и тој сака да замине во јануари.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Рубен Аморим јасно покажуваше, а продолжува да покажува дека сака да го задржи во Манчестер Јунајтед, но тоа тешко ќе се случи.
Ситуацијата наводно се комплицира од ден на ден и наскоро ќе се одржат клучни разговори околу иднината на овој фудбалер.
Мејну е свесен дека е во директна конкуренција со Бруно Фернандеш за позицијата среден фудбалер.
Англичанецот не започнал ниеден натпревар во Премиерлигата оваа сезона и тоа не е нешто што тој го сака, а сака да биде важен во својот тим.