
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане, исто така ја изнесе својата верзија за односите со Мохамед Салах. Меѓу нив имаше тензија, а еден од настаните беше во натпреварот на тимот против Барнли во 2019 година, кога Сенегалецот се налути на својот напаѓачки партнер што не му подаде една топка. Кога беше заменет малку подоцна, разгневениот Мане бурно гестикулираше.
Во подкастот на Рио Фердинанд, Мане, сега во Ал-Наср, ги омаловажи тврдењата за расправија со Салах, откривајќи што се случи помеѓу нив по тој инцидент на „Турф Мур“ и како, според него, тоа всушност ги зближило.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Одличен играч. Добар играч. Голем играч. Сите го велат истото (дека имало ривалство), нели знаете – започна тој за Египќанецот. – Но не е… Не мислам дека е нешто лошо. Јас сум човек кој е тивок, но сум пријател со сите во тимот. Таков сум си.
„Мислам дека и Мо е многу добро момче. Тој е добар човек. Сепак, сметам дека на теренот се гледа – понекогаш ми подава, понекогаш не; понекогаш ми подава, понекогаш не. Но, знаете ли, само Боби (Фирмино – б.р.) беше таму, за да ни подаде на двајцата. Понекогаш е така…“