Дома Фудбал Арсенал може да го загуби Габриел два месеца

Арсенал може да го загуби Габриел два месеца

Арсенал може да претрпи сериозна штета по последната пауза за националните тимови оваа година.

Според „Дејли Мејл“ клучниот дефанзивец во составот на Микел Артета – Габриел Магалаеш, може да отсуствува до два месеца поради мускулната повреда на десната натколеница, која ја доби за време на контролниот натпревар на Бразил против Сенегал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сѐ уште се вршат дополнителни тестови на 27-годишниот фудбалер, но сигурно е дека нема да биде во состав за дербито на Северен Лондон против Тотенхем, а според различни извори, неговото закрепнување ќе трае меѓу еден до два месеца.

Арсенал допушти само пет голови во своите 11 натпревари во Премиер лигата досега, а одбраната е еден од најважните фактори за предноста на тимот на врвот на привремената табела. Габриел има значаен удел во тоа.

Евентуалното негово подолго отсуство ќе биде голем удар за Артета, бидејќи следат натпревари против Тотенхем, Бајерн (Минхен) и Челзи. Според „Сан“ Бразилецот може да пропушти дури 15 натпревари за својот клуб.

Рикардо Калафиори, кој исто така го напушти кампот на Италија поради повреда, но најверојатно ќе биде подготвен за дербито со Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен направил тотален хаос во кампот на Нигерија

Виктор Осимен во понеделникот, 5 јануари, го постигна својот прв дупли гол во историјата н…