Дома Фудбал Роналдо се сретна со едни од најмоќните луѓе во светот: Мојот син е негов голем фан

Роналдо се сретна со едни од најмоќните луѓе во светот: Мојот син е негов голем фан

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, приреди свечена вечера за саудискиот принц Мохамед бин Салман во Белата куќа, на која беше присутен и Кристијано Роналдо.

Роналдо пристигна со Георгина на вечерата, каде меѓу останатите беа и претседателот на ФИФА Џани Инфантино, како и познати бизнисмени како Елон Маск, Тим Кук, Мајкл Дел, Чак Робинс, Џенсен Хуанг, Тарек Амин, Лиса Су, Мајк Вирт, Дејвид Елисон и многу други.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Трамп во своето воведно обраќање му се заблагодари на Салман за доаѓањето во Белата куќа, а потоа проговори и за Роналдо.

“Мојот син е голем фан на Роналдо. Роналдо е тука и мислам дека мојот син повеќе го почитува татко си сега кога ве запознав. Роналдо, благодариме што си овде, чест ни е”, рече Трамп.

По свечениот дел од церемонијата и вечерта, гостите се забавувале, а Роналдо и Георгина направија интересно селфи на кој се гледаат и Елон Маск и Џани Инфантино.

Да потсетиме, наследникот на тронот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, допатува во вторник во Соединетите Американски Држави, првпат по седум години.

Се очекува дека двајцата лидери ќе разговараат за проширување на Авраамските спогодби и ќе потпишат повеќе значајни договори во областа на технологијата, одбраната и трговијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија може да добие покана за нов Мундијал кој ќе се игра на лето?!

Според повеќе извори, Русија разгледува идеја следното лето да организира свое паралелно С…