
Поголемиот дел од играчите сонуваат дека во текот на кариерата ќе заработат десетцифрени суми во милиони долари, и многу ретко некој успева да го постигне тоа во една сезона, но Јаник Синер го направи ова – на само два турнира.
Италијанецот оваа есен постави два рекорди кога станува збор за заработка на едно натпреварување. На егзибицијата „Шест крала на гренд слем” во Ријад од пред околу еден месец освои шест милиони долари, што претставува апсолутен рекорд кога станува збор за шампионски чек. Во неделата, пак, во Торино беше награден со 5.071.000 долари за триумфот на завршниот Мастерс, што претставува рекорд кога се работи за официјални натпреварувања.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Синер ја завршува годината со 19.114.396 долари, не сметајќи го тој чек од Ријад бидејќи станува збор за егзибиција. Кога ќе се земат предвид и тримесечната суспензија поради што не играше на четири мастерси 1.000 (Индијан Велс, Мајами, Монте Карло и Мадрид), како и дека поради отсуство од нив остана без неколкумилјонски бонус, јасно е дека сигурно би го соборил рекордот во заработката за една сезона кој го држи Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на сите времиња го постави рекордот уште во 2015 година, кога дома однел неверојатни 21.646.145 долари.
.🏆 Australian Open
— Tennis TV (@TennisTV) November 16, 2025
🥈 Rome
🥈 Roland-Garros
🏆 Wimbledon
🥈 Cincinnati
🥈 US Open
🏆 Beijing
🏆 Vienna
🏆 Paris
🏆 Nitto ATP Finals 🆕
Каква 2025 за @janniksin 😮💨 pic.twitter.com/mZ17NheNGl