Дома Фудбал На Светското првенство се пласираа уште две силни репрезентации

На Светското првенство се пласираа уште две силни репрезентации

ОД 48 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ, кои наредното лето ќе учествуваат на Светското фудбалско првенство, досега се познати 34 учесници. Последните кои се запишаа на листата се Германија и Холандија. Со тоа бројот на европските репрезентации се зголеми на седум, откако Франција, Англија, Хрватска, Португалија и Норвешка си обезбедија билети за Америка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За сега, најмногу познати учесници доаѓаат од Африка, девет репрезентации, додека од Азија се осум. Меѓу вкупно 32 патници има и три дебитанти – Узбекистан, Јордан и Зеленортски Острови. Ждрепката за групите на Светското првенство ќе се одржи на 5-ти декември во Кенеди Центарот во Вашингтон.

Конечната листа на сите учесници во Светското првенство ќе биде позната дури на крајот од март наредната година, кога се на програмата дополнителните квалификации во Европа, како и меѓуконтиненталните квалификации кои ќе ги донесат последните патници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Един Џеко одговори дали ќе продолжи да игра за репрезентацијата по СП

Босна и Херцеговина е елиминирана од Светското првенство по поразот од САД со резултат од …