Дома Фудбал Барселона конечно дочека: Викендов се враќа во својот дом!

Барселона конечно дочека: Викендов се враќа во својот дом!

Фудбалерите на Барселона конечно ќе се вратат на легендарниот стадион Камп Ноу, а каталонскиот клуб го објави датумот на првиот натпревар на новои реновираниот стадион.

Имено, Каталонците потврдија дека ќе се вратат на Камп Ноу на 22 ноември, играјќи против Атлетик.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гигантот од Каталонија не одиграл натпревар на Камп Ноу од 2023-та година, вкупно 895 дена, поради големото реновирање вредно 1,42 милијарди евра. За времетраење на работите, домашните натпревари ги играа на Олимпискиот стадион во Барселона.

Клубот доби лиценца за привремен капацитет од 25.991 седишта во октомври, но чекаше уште две дозволи. Првата дозвола овозможува прифаќање до 45.000 гледачи и е веќе добиена, додека втората ќе овозможи целосно отворање на стадионот.

Работите сè уште се во тек, со третото ниво на трибините и покривот што допрва треба да се завршат. Првите две нивоа се речиси подготвени, а се очекува целиот проект да биде готов до 2027 година, кога Камп Ноу ќе има капацитет од 105.000 места.

Барселона првично планираше да се врати до крајот на 2024 година, а потоа на почетокот на 2025, но враќањето е преместено за оваа сезона. Првите два домашни натпревари мораа да ги играат на стадионот Естади Јохан Кројф со капацитет од 6.000 места, бидејќи Олимпискиот стадион тогаш не беше спремен за употреба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп порача дека не е заинтересиран, но Романо тврди: Toј е кандидат за Реал

Чаби Алонсо доби отказ како тренер на Реал. Неговото место го зазеде Алваро Арбелоа, поран…