Дома Фудбал Лудо: Останаа без шансн за настап на Светско првенство, па ги обвинија противниците за вуду магија!

Лудо: Останаа без шансн за настап на Светско првенство, па ги обвинија противниците за вуду магија!

Фудбалската репрезентација на Нигерија неочекувано не успеа да се квалификува на Светското првенство беше елиминирана од Конго во финалето на африканскиот бараж.

Конго триумфираше по драматична пенал-серија, бидејќи по 90 минути регуларно време и дополнителни 30 минути резултатот беше 1:1.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


За Нигерија стрелаше Огоџуку Ониека, додека за Конго постигна гол Мешак Елија, а во пенал-рулетот Конго славеше со 4:3.

Селекторот на Нигерија, Ерик Челе, тешко го прифати поразот и, ќе ви звучи неверојатно, вината ја префрли на вуду магија. Тој изјави дека во текот на пеналите некои членови од стручниот штаб на Конго изведувале ритуали покрај клупата.

“Еден од нивните тренери правеше вуду за време на пеналите. Тогаш изнервирав се и решив да се соочам со него. Истураше течност од шише, а не би рекол дека беше вода”, рече Челе, но тренерот на Конго го негираше тоа.

Инаку, Конго како победник на африканскиот бараж сега преминува во меѓуконтинентален бараж, каде ќе се натпреваруваат Нова Каледонија, Боливија, победникот на дуелот меѓу Ирак и ОАЕ, како и уште две репрезентации од зона КОНКАКАФ. Од тие шест екипи, само две ќе обезбедат влез на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стана јасно колку долго ќе отсуствува Шешко од игра

Повредата на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Бењамин Шешко на неговото лево колено не е од…