Дома Фудбал Eден од најдобрите бекови во Премиер лигата е подготвен за голем клуб: Прави трансфер уште во јануари?!

Eден од најдобрите бекови во Премиер лигата е подготвен за голем клуб: Прави трансфер уште во јануари?!

Еден од најталентираните десни бекови во Премиер лигата, Даниел Муњоз, размислува за трансфер во поголем клуб во неговата кариера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се изјави јавно дека е подготвен за новите предизвици кои го чекаат, бидејќи по неговиот трансфер во Генк летото 2020 година, играше за белгискиот клуб, а од зимата 2024 година е дел од Кристал Палас. Со оглед на тоа што има веќе 29 години, следното лето претставува можеби последната можност за голем трансфер.

“Навистина би било исполнување на сонот доколку заиграм за некој од големите клубови како Барселона, ПСЖ, Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед. Подготвен сум и работам да станам дел од тие поголеми клубови. Мојот фокус моментално е на Кристал Палас, но ќе видиме што ќе се случи кога ќе дојде зимскиот трансферен рок”, изјави Даниел Муњоз.

Колумбиецот има договор со Палас до лето 2028 година, што значи дека клубот не е приморан да го продаде. Сепак, доколку самиот играч побара трансфер и се појави привлечна понуда, не е невозможно да го промени клубот веќе во зимскиот период, како што и самиот изјави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…