
Словенечкиот мајстор Лука Дончиќ минатата ноќ повторно испорача неверојатна игра и ги водеше Лос Анџелес Лејкерс до убедлива победа против Милвоки Бакс.
Лејкерс уште на почетокот создадоа значителна предност и по првото полувреме водеа со 65:34, висока разлика, која Бакс не успеаја да ја надоместат.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Лејкерс ја задржаа контролата во втората половина од натпреварот и дојдоа до рутинска победа во дербито на вечерта. Дончиќ, како главен јунак, го заврши мечот со 41 поен, девет скока и шест асистенции.
Luka Doncic is as good as it gets. pic.twitter.com/2ZBIBJxjpm
— Legion Hoops (@LegionHoops) November 16, 2025
На спротивната страна, Јанис Антетокумпо постигна 32 поена и зеде 10 скока. За Лејкерс одличен беше и Остин Ривес со 25 поена, шест скока и осум асистенции.
Уште една одлична ноќ имаше и Никола Јокиќ, кој беше главниот јунак на Денвер Нагетс при нивната победа над Минесота Тимбервулвс со конечен резултат од 123:112.
Минесота беше во водство со 88:87 на почетокот на последната четвртина, но Нагетс со серија од 8-0 преобратија на 100:92 и Минесота не успеа да одговори.
Конечно, натпреварот заврши 123:112, а Јокиќ запиша уште еден трипл-дабл со 27 поена, 12 скока и 11 асистенции, а од игра имаше шут 8/15.
Фантастични беа и Арон Гордон, Тим Хардавеј помладиот и Џамал Мареј, сите со по 23 поена.