Дома Фудбал Влаховиќ донесе важна одлука за кариерата и порача да не го вознемируваат!

Влаховиќ донесе важна одлука за кариерата и порача да не го вознемируваат!

Душан Влаховиќ во изминатите месеци постојано беше поврзуван со заминување од Јувентус. Меѓутоа, до раскин на соработката не дојде, бидејќи немаше тим кој беше подготвен да плати околу 30 милиони евра за играч на кој му истекува договорот, и да ја преземе неговата плата од 12 милиони евра, колку што бара Србинов.

Заедно е донесена одлука да не се започнуваат никакви преговори за нов договор до крајот на сезоната. Душан сака да остане фокусиран и посветен само на своите игри.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


По тоа, двете страни ќе седнат на маса и ќе се обидат да договорат продолжување на соработката, а ако тоа не се случи, Влаховиќ ќе ја продолжи кариерата на друго место.

“Постои јасен договор меѓу клубот и играчот – преговорите ќе се водат само на крајот на сезоната. Душан не сака ништо да го омете”, наведува Corriere dello Sport.

Баерн е тој кој го следи играњето на српскиот фудбалер. Наводно би сакале да го доведат како замена за Harry Kane.

“Баерн особено покажува интерес за него. На Србинов му претставиле проект. Влаховиќ ја цени Бундеслигата, верува дека неговите карактеристики одлично се вклопуваат.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер во Израел суспендиран на 99 години, и ова не е прв пат!

Необични вести од Израел: 17-годишен фудбалер на локалниот младински тим „Ирмијагу Холон“ …