Дома Останати Кошарка Јокиќ доби ужасни вести – тоа е навистина голем удар за Денвер

Јокиќ доби ужасни вести – тоа е навистина голем удар за Денвер

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Кристијан Браун ќе отсуствува од терените најмалку еден и пол месец поради повреда на зглобот, известува инсајдерот на „ЕСПН“, Шемс Чаранија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Браун се повреди за време на натпреварот помеѓу Денвер и Лос Анџелес Клиперс. Џејмс Харден случајно стапна на неговата нога, по што Браун едвај го напушти теренот, држејќи се за левата потколеница.

Браун ќе биде повторно прегледан по шест недели, а првичната дијагноза е истегнување на зглобот.

Денвер има резултат од девет победи и два порази, а за тоа најмногу е заслужен Никола Јокиќ кој игра феноменално од почетокот на сезоната. Следниот натпревар го играат во ноќта помеѓу сабота и недела во 2 часот – против Тимбервулфс во Минесота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

МЗТ Скопје со убедлива победа од 87-58 против Пелистер обезбеди пласман во финалето на мак…