Дома Фудбал Французите се квалификуваа за Мундијалот, па решија да му дадат одмор на Мбапе

Французите се квалификуваа за Мундијалот, па решија да му дадат одмор на Мбапе

Kапитенот на фудбалската репрезентација на Франција, Килијан Мбапе, и неговиот соиграч од Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, нема да играат против Азербејџан во натпреварот од последното коло на Група Д од квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


– Камавинга има истегнување на мускулот на левата тетива. Мбапе сè уште страда од воспаление во десниот скочен зглоб, што бара понатамошни испитувања. Тие денеска ќе бидат подложени на нови тестови во Мадрид – стои во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Франција.

Со победата над Украина (4:0) во четвртокот навечер, Франција стана 29-та репрезентација што обезбеди пласман на Мундијалот, кој следното лето ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

Во победата против Украинците Мбапе постигна два гола, а бидејќи неделниот меч во Азербејџан нема натпреварувачко значење, селекторот Дидие Дешан му даде одмор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со авионот на Бразил дома се вратил само еден фудбалер

По разочарувачката елиминација во осминафиналето на Светското првенство од Норвешка (2:1),…