Дома Фудбал Лапорта на „слатки маки“: Барселона треба да биде меѓу Левандовски и Кејн

Лапорта на „слатки маки“: Барселона треба да биде меѓу Левандовски и Кејн

Легендарниот Роберт Левандовски е во последната година од договорот, но не брза со одлуката за продолжување на кариерата.

Тој зборуваше за медиумите по ремито меѓу Полска и Холандија, и секако дека неговата иднина беше едно од прашањата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Целосно сум смирен. Уште не знам каде ќе бидам или што ќе посакам за неколку месеци. Но, не морам да брзам, имам доволно време да размислам и да ја донесам најдобрата одлука. Наскоро ќе одлучам, но знам дека ќе зависи од многу фактори, не само спортски, туку и емоционални”, рече Левандовски.

Инаку, се шпекулира дека Барселона е подготвена да тргне по Хари Кејн, по истиот принцип како и со Левандовски – една година пред истекот на договорот со Бајерн Минхен.

Каталонските медиуми го потврдија пишувањето на англиски Гардијан дека Кејн е избран како најреална опција. Ерлинг Халанд е нереална желба на Жоан Лапорта, исто како и Хулијан Алварез, кого Атлетико Мадрид нема лесно да го пушти во редовите на големиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалскиот свет зборува за тоа што му кажа англискиот новинар на Гвардиола: Баш како вашите навивачи!

Манчестер Сити вчера успеа да го победи Саутемптон (2:1) и да се пласира во финалето на ФА…